Помладите пионери на Фудбалскиот тим Вардар пред еден час на терените на Фудбалската Федерација на Македонија во рамките на 1/2 финалето од Купот на Република Македонија остварија убедлива победа со 4-1 . На првиот од двата дуела од 1/2 финалето од купот младите фудбалери на ФК Вардар го совладаа тимот на ФК Македонија Ѓорче Петров .
Вардаровите помлади пионери на полувреме со головите на Марко Ѓоргиевски и Никола Џурџу замина со предност од 2-0 . Во вториот дел за Црвено-Црните стрелаше Јакуп Бериша кој зголеми на 3-0 , играчите на Македонија намалија на 3-1 , но Стефан Милковиќ го врати водството за Вардар од три гола и ги постави конечните 4-1 . Ова меч беше и деби натпревар и прв успех на новиот тренер на помладите Пионери на ФК Вардар Сашо Тодоровски. Со оваа победа момците направија голема предност пред реванш дуелот и се речиси со една нога во финалето на Купот . Следен предизвик за оваа Вардарова генерација е веќе викендов со гостувањето во Битола кај ривалот Пелистер во премиерното пролетно коло од првенството .