Црвено-црниот кугларски колектив доби одлична понуда од шампионот на Босна и Херцеговина во куглање, имено тимот КК Ревита прати покана за учество на Вардар на силен турнир. Вардарци ја прифатија веднаш поканата од тимот на шампионот на Босна.
Овој силен турнир е подготвителен за нас и другите тимови за предизвиците во кугларска Европа оваа пролет. Повод по кој се организира овој турнир е дваесет годишнината од формирањето на актуелниот шампион на БиХ. Турнирот ќе се одигра во Бања Лука- Република Српска, Бих. Вардарци ќе учествуваат на истиот со домаќинот КК Ревита, српскиот шампион КК Белград и репрезентацијата на Словенија. Турнирот ќе се игра на 28-ми овој месец. Интересен факт е што сите три екипи ( словенската репрезентација нормално “не“ ) се учесници на силниот европски предизвик “Светскиот купо-2016 кој ќе се игра во Болчано, Италија..