Првата сезона на ракометната “Јуниор“ лига го доби својот крај. Изминатиов викенд се одиграа финалните натпревари во сите генерации од машкиот и женски дел. Во дебитантската година, лигата покажа задоволство кај сите учесници од нејзината организација. Можност да бидат дел од “Јуниор“ лигата имаа повеќе од 20 ракометни школи низ цела Македонија, кои се дел од академијата на ракометниот клуб Вардар. Ние како медиум продолжуваваме да ги промовираме најмладите, кои беа дел од лигата и да ги дознаеме нивните впечатоци и мислења за оваа лига. Тамара Паланковска ја имаше можноста да биде дел од ова натпреварување, кое се покажа како голем чекор во нејзината понатамошна кариера.
-Ракомет почнав да играм од 2014 год. во ЖРК Вардар Неготино, желба имав од поодамна но во близина на моето родно место немаше ракометен клуб. Со моето запишување на државната спортска академија ракомет станав член на РК Кузман и сметам дека “Јуниор“ лигата каде што се натпреварува екипата на Кузман е одличен проект на Вардар каде младите можат да започнат со овој спорт да се стекнат со знаење и вештина.
Женската екипа на РК Кузман го освои третото место на завршниот турнир во ракометната “Јуниор“ лига, кај генерација родени 2000/01 година. Избраничките на Александра Кузмановска и Александар Савов во борбата за третото место беа подобри од екипата на Академија 2 и на тој начин се закитија со бронзениот медал. Добрите нстапи во Јуниор лигата, за школата РК Кузман и овозоможија на Клара да биде дел од селекцијата на играчи за избор во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Токму на денот кога се одржуваше селекцијата ги задоволи вкусовите на присутните тренери, кои и дадоа шанса да игра за најгоемиот клуб во Македонија.
-Првата сезона во јуниор лигата за мојата поранешна екипа рк Кузман помина добро го освоивме третото место, игравме добро но на крај попуштивме. Мојот тренер Александра Кузмановска ме пријави за селекција во младинската екипа и така добив покана, ова за мене е голем чекор и се надевам дека ќе ја оправдам довербата а Вардар ќе ја освои лигата, изјави Тамара Паланковска.
Звонко Ивановски