Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Крањчар: Вардар беше опасен, бидејќи му дозволивме
Крањчар: Вардар беше опасен, бидејќи му дозволивме

Крањчар: Вардар беше опасен, бидејќи му дозволивме

Динамо Загреб имаше прес-конференција по повод почетокот на нивното домашно првенство во недела.  Локомотива е нивни прв противник во недела, но прашањата на пресот биле претежно насочени на дуелот со  Вардар три дена потоа. Крањчар за она што го чека во среда кога црвеноцрните гостуваат на “Максимир“ вели:

Јас за Грузијците ќе зборувам и размислувам, дури кога ќе заврши натпреварот со Вардар и го потврдиме во третото квалификациско коло. Во првиот натпревар, посебно во второто полувреме, Вардар беше опасен затоа што ние тоа му го дозволивме. Секако, тие поседуваат квалитет да го искористат просторот кој ќе им се отвори, но ние мора да ги намалиме нашите пропусти во одбраната. Имаме одлична залиха од првиот натпревар, играме сега пред своите навивачи, па секако сме во добра позиција.