Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Кугларите на Вардар во голем стил со победа во Дербито над КК Работнички се вратија на втората позиција на табелата
Кугларите на  Вардар во голем стил со победа во Дербито над КК Работнички се вратија на втората позиција на табелата

Кугларите на Вардар во голем стил со победа во Дербито над КК Работнички се вратија на втората позиција на табелата

КК Вардар во голем стил се врати на второто место на табелата во Македонската Кугларска Лига. Во директен дуел со аспирантот за вицешампионското место, екипата на КК Работнички, Вардар го покажа сиот свој квалитет за максимална доминација и убедлива победа од 7-1 и 341 разлика во соборени кегли.

Веќе од самиот старт, Бојан Влаќевски најави успешен ден за Вардарци, кога буквално ја растури кугланата и собори светски резултат од 654. Само искусниот Тодор Манев од КК Работнички со својот резултат од 601 некако ја одржи рамнотежата на овој дуел во првите моменти. После тоа на сцена настапи вардарецот Димитар Димитровски, кој со своите 612 соборени кегли ја навести убедливата победа на Вардар.

Момемент од дуелот во Куглана Борис Трајкоски !

Момемент од дуелот во Куглана Борис Трајкоски !

Другите вардарци искусно и рутинирано со добри резултати го приведоа натпреварот кон крај. Иако официјалниот билтен за 10 коло на МКЛ уште не е излезен, повторно 4 вардарци ке бидат дел од тимот на колото на МКЛ. Вредно е уште да се напомене дека КК Вардар на саботниот натпревар против КК Работнички постави нов клупски рекорд од 3572 соборени дрва, доволен доказ за мотивираноста на вардарци во овој дуел.