Фото:rkvardar.mk
Златното момче во дресот на Вардар има само 22 години, и, е од огромно значење во играта на Вардар, им даде 19 гола на Висла Плоцк, 10 во првиот меч, 9 во вториот меч, станува јасно за кој играч се работи, ова момче го продолжи договорот со Вардар, и во наредните 2-3 години ќе остане носител на играта во нападот на Вардарци на бековските позиции. Ова златно момче се вика Алекс Душебаев !
Со сигурност може да кажеме дека Душебаев беше прва алка во играта на Вардар во ова 1/8 финале, во Висла му даде 10 голови на противникот, и беше еден од малкуте расположени играчи на тој меч.
Мотивирачки гол беше оној во последните секунди, кога речиси од половина терен го совлада домашниот голман.
Во Скопје во првите 15-тина минути беше тивок, но потоа се разбуди, колку само лесно постигнуваше погодоци… на крај броеше до 9, или вкупно 19 на овие два натпревари.
Браво иднино на Рк Вардар !