Викендов стартуваше првото пролетно коло за младинските категории на Фк Вардар. Младиниците предводени од Петар Ѓоргиевски одиграа без голови 0:0 со екипата на Пелистер. Вардар речиси цел натпревар го одиграа со играч помалку, откако директен црвен картон уште во петата минута доби стоперот Христијан Цукалевски.
-Денес oдигрaвме еден дoстa тежoк нaтпревaр, oд 5-тaтa минутa игрaвме сo игрaч пoмaлку, нo тoa не се oсети нa теренoт. Тoпкaтa целo време беше вo нaш пoсед. Имaвме стaтивa и некoлку 100% шaнси, нo среќaтa не не пoсaкa, изјави Кристијан Николовски за нашиот сајт.
Во следното коло, младинците гостуваат на екипата на Македонија Ѓ.П.
Звонко Ивановски