Како што пишаа на официјалната страница на кугларскиот клуб „Вардар“, по прекинот македонската кугларска лига нема да продолжи. Во соопштението се вели:
На денешната вонредна седница на ИО на КФМ едногласно е одлучено одложување на МКЛ на неодредено време поради неповолните здравствени услови во моментов. ИО се обврза на една седница неделно за ажурирање на здравствената ситуација во куглањето, но општата ситуација со вирусот. Оваа одлука е подложна на промена во секое време во зависност од моменталните услови. Се надеваме на најбрзо можно закрепнување на општата здравствена ситуација со што МКЛ би продолжила непречено без здравствени ризици.