Претстојниов викенд на програмата е 3.коло во младинските фудбалски лиги, во кое ќе се одигра дербито меѓу екипите на Вардар и Шкендија.
Пионерските екипи во сабота на Игралиштето на АМС СЦ Тетово се гости на екипата на Шкендија. Натпреварот на помладите пионери ќе стартува од 10:00 часот, додека дуелот на пионерските екипи стартува од 12:00 часот.
Во недела, кадетите и младинците на теренот на Академијата ја пречекуваат екипата на Шкендија. Кадетите ќе играат од 10 часот, додека младинците од 12:00 часот.
Сите четири екипи на Вардар имаат максимални шест освоени бодови после првите две одиграни кола.