Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Влаќевски трето коло по ред играч на рундата во МКЛ
КУГЛАЊЕ! Влаќевски трето коло по ред играч на рундата во МКЛ

КУГЛАЊЕ! Влаќевски трето коло по ред играч на рундата во МКЛ

Викендов што е зад нас на програмата беа возбудувањата од 8.коло во Македонската кугларска лига. Ова коло црвено-црниот кугларски колектив гостуваше кај “фенерџијата“ во МКЛ екипата на Кк Империал Тобако ТКС. Дуелот се одигра   во кугларницата “Мусандра“ во гратскиот трговски центар во Скопје. Избраниците на Драги Димитровски  на ова гостување однесоа победа со резулат 1-7. Вкупниот ефект на нашите вардаровите куглари овој меч беше 3471  “соборени дрва“, а во победата со 1-7 имавме сет-ефект 5-19.

Во овој дуел “мотори“ на црвено-црната машина која незнае за пораз оваа сезона,  беа двајцата изворедни куглари членовите на фантастичното дуо Влаќевски-Димитровски. Играч на ова коло повторно и тоа трети пат по ред е “Кугларскиот Моцарт“ Бојан Влаќевски. Ова коло  прв скор во лигата имаше вардарецот  кој имаше личен ефект од  617 “соборени дрва“. Тој за “влакно’ го собра признанието ако се знае дека    речиси исти ефект имаше Димитар Димитровски кој имаше само едно помалку ’соборено дрво“ тој запиша 616 “соборени дрва“. Бојан во изминатите две кола со  Хераклеа од Битола кога имаше 616 “соборени дрва“ и со 18 Август Адинг кога забележа 674 “соборени дрва“ беше играч на колото. Следен дуел за нас е оној од 9. коло на домашен терен со екипата на Кк ГТЦ, овој дуел ќе се игра во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“  во сабота, со почеток во 11-00 часот.