Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) РК Делчево-Вардар ќе организира хуманитарен турнир
(ВИДЕО) РК Делчево-Вардар ќе организира хуманитарен турнир

(ВИДЕО) РК Делчево-Вардар ќе организира хуманитарен турнир

Една од школите на црвено-црните РК Делчево-Вардар во недела ќе биде домаќин на ракометниот турнир на кој покрај домаќинот ќе настапат и ракометни клубови од Виница, Свети Николе и Штип. Турнирот ќе има хуманитарен карактер. Екипата на  РК Делчево-Вардар е учесник како и сите регионални школи во “Вардар јуниор лигата“ каде настапува со забележителен успех.

Средствата кои ќе се приберат од влезницата ќе бидат донирани за малиот Матеј од Делчево, дете на кое му е дијагностициран недостиг на нормален физиолошки развој и на кого му се потребни парични средства да може нормално да се развива како сите останати негови врсници. Овие ракометарите и ракометарките ги покануваат љубителите на спортот во недела од 12-00 часот во салата при СОУ “М.М.Брицо“ во Делчево да уживаат во возбудливи ракометни натпревари, но воедно и да ја покажат својата хуманост на дело. Средства за малиот Матеј сите хумани граѓани можат да донираат и на отворената Жиро Сметка за донации 240167102537513 Уни Банка.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=96&v=AIaN-MoLmuU