Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ Куп 1/4 финале: ТВ пренос Вардар јуниор-Карпати 18.30 часот
Челинџ Куп 1/4 финале: ТВ пренос Вардар јуниор-Карпати 18.30 часот

Челинџ Куп 1/4 финале: ТВ пренос Вардар јуниор-Карпати 18.30 часот

Нашиот млад црвено-црн женски колектив Жрк Вардар Јуниор ќе брка историски пласман помеѓу најдобрите четири екипи во рамките на Челинџ купот. Противник во двата 1/4 финални натпревари е екипата на Карпати од Украина. Избраничките на Симе Симовски ќе бидат домаќини на првиот дуел, кој  се игра денес во спортскиот центар “Јане Сандански“.

Овој  европски меч за нашите девојки ќе започне во 18:30 часот, на истиот Вардарки ќе се обидат со што подобра предност да го започнат реванш натпреварот во Украина. Од овој дуел ќе може да проследиме директен ТВ пренос на македонската радио и телевизија. Државната телевизија преносот ќе го врши на собранискиот канал. За овој дуел Вардар фанс побара мислење од Сара Митова член на Јуниор, таа очекува голема борба во текот на целиот меч (види).