Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Сара Митова: Верувам во секоја од девојките дека ќе одиграме добар и борбен натпревар
Сара Митова: Верувам во секоја од девојките дека ќе одиграме добар и борбен натпревар

Сара Митова: Верувам во секоја од девојките дека ќе одиграме добар и борбен натпревар

Утре со почеток од 18:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански, екипата на Жрк Вардар Јуниор ќе го одигра првиот натпревар во рамките на 1/4 од Челинџ купот. Противник е екипата на Карпати од Украина. Во таборот на Јуниор се свесни за значањето на овој двомеч, кој е историски за успехот на овие млади ракометарки. Во пресрет на овој дуел одигравме контролен натпревар против екипата на Металург во автокоманда, кој заврши со триумф во наша корист. Една од најдобрите во составот на тренерот Симе Симовски, Сара Митова очекува голема борба во текот на целиот меч.

-Очекувам сите да се бориме до последен момент, бидејќи мечот што утре следува е многу важен и голем чекор за мојата екипа. Се подготвувавме скоро месец дена за овој натпревар, трениравме напорно и секојдневно. Тука беа и Металург, кои ни излегоа во пресрет да ни помогнат да одработиме неколку пријателски натпревари, кои за нас беа многу важни.

Митова верува дека борбеноста ќе биде нашата главна одлика и дека секоја од девојките ќе пружи максиум на теренот.

-Се работи за противник со добри квалитети, колку што можевме да видиме на снимките и според нивните резултати во челинџ купот. Сепак тоа нас не интересира, нас ни е битна нашта игра и борбеноста, кои треба да ги покажаме. Имам верба во секоја од девојките дека ќе одиграме добар натпревар, изјави Сара Митова за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски