Вчера конечно издвојувавме победа во елитната лига против црнагорскиот шампион Будуќност со резултат 26-24. На мечот кој се одигра во спортскиот центар “Јане Сандански“ избраниците на Камара и Кастратовиќ покажаа дека се кандидат за Ф-4. Сите наши девојки одиграа одличен меч, но посебно добра партија имаше француската репрезентативка на голот на Вардар одличната Лејно. Таа со една своја одбрана се најде во овонеделниот топ-5 избор на најатрактивни голмански интервенции. Воедно таа го доби и признанието дека е една од “трите ѕвезди “ на изминатото трето коло во женскиот сегмент на Л.Ш.
Линкот од најдобрите 5 одбрани, во женската лига на шампиони за изминатото коло, можете да го погледнете- ТУКА
Видеото од ова признание на ЕХФ тв-изборот за “трите ѕвезди “ можете да го погледнете – ТУКА