Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) ФК Вардар: ФК Ренова 4-1 (2-0)
(ВИДЕО) ФК Вардар: ФК Ренова 4-1 (2-0)

(ВИДЕО) ФК Вардар: ФК Ренова 4-1 (2-0)

Вчера на национална арена “Филип II Македонски“ во Скопје црвено-црниот фудбалски колектив го имаше својот деби официјален настап оваа година. Во првото пролетно коло се сретнавме со екипата на Ренова од Тетово. Избраниците на Седлоски беа поуспешни од “гипсарите“  со резулат 4-1. Стрелци на головите беа Ќеран во 23 и 70минута , Абдула 37 минута-автогол и  Блажевски во 78 минута од дуелот.

За ФК Вардар на овој дуел боите ги бранеа  следните игачи : Пачовски, Грнчаров, Спировски, Асани , Глигоров, Ќеран , Хамбарџумјан, Новак, Глишиќ, Фелипе, Којашевиќ, играа уште Блажевски од 46минута, Стојков од 58 и Ивановски од 72 минута.