Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Барселона се поблиску до 1/4, Вардар влегува во борба за треттото место на табелата
Барселона се поблиску до 1/4, Вардар влегува во борба за треттото место на табелата

Барселона се поблиску до 1/4, Вардар влегува во борба за треттото место на табелата

Викендов се комплетираше 12 коло во групата Б од лигата на шампиони во машка конкуренција. Победи забележаа екипите на Вардар, Киелце, Барселона и Монпелје.

Вардарци стигнаа до седмата победа во групата, откако во С.Ц. Јане Сандански беа подобри од екипата на Кристијанштад. Шведскиот шампион малку не “намачи“, но сепак најважно е што на крајот ги освоивме двата бода, кои се многу важни за  палсман на повисока позиција, на крајот од групната фаза.

Актуелниот европски првак, екипата на Барселона направи уште еден чекор кон освојување на првото место на табелата и обезбедување на директен пласман во 1/4 рунда. Во “Палау Блауграна“ избраниците на Паскал беа подобри од екипата на Пик Сегед. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 30:25. Во првите 30 минути, исто така имаа предност од пет голови разлика (19:14). Барселона беше екипата која го контролираше мечот и имаше постојано водство, а Унгарците само на моменти ја намалуваа негативата. Првите 10 минути започнаа со водство од 5:2 и 7:4. Сепак во наредниот период, Пик Сегед успева да намали на само еден гол негатаива 11:10. До крајот на првиот дел, Барса повторно се одлепува и има највисоки пет голови предност.

Во вториот дел водсвото на домаќинот се движеше дод 4-6 голови разлика, во моментите кога Сегед ќе намалеше, Барселона предводена од Жалуз и Лазаров повторно се одлепуваа од противникот. Токму овие двајца играчи беа најефикасни во победничкиот тим со по 6 постигнати голови.

Дербито на колото во оваа група се одигра во Полска, помеѓу екипите на Киелце и Рајн-некар, кој им припадна на домашните ракометари. Во еден интересен и незивесен натпревар, на крајот подобро се снајде Киелце, кој успеаа да забележи многу важна победа. Конечниот резултат гласеше 28:27. На полувреме исто така домаќинот имаше водство од два голови разлика (12:10). Бунтиќ и Чупиќ со по 5 постигнати голови го предводеа Киелце до седмата победа. Во поразениот тим се истакна Менсах Ларсен со 6 погодоци.

Екипата на Колдинг ја забележа втората победа во групата, откако на свој терен беа подобри од Монпелје. Инаку Францускиот претставник пропушти можност со триумф да го завери пласманот во 1/8 рунда. Само еден гол разлика го одлучи победникот на овој меч (27:26). На полувреме Данците имаа водсво од 14:12. Најефикасни во Колдинг беа Игропуло и Лаен со 6 погодоци.

Барселона го задржува врвот, Киелце е најблиску до второто место, а станува се поинтересна борбата за треттата позиција на табелата.

1. Барселона  19

2. Киелце   17

3. Рајн-Некар  15

4. Пик Сегед   15

5. Вардар     14

6. Монпелје   7

7. Кристијанштад  5

8. Колдинг   4

Следниот натпревар за екипата на Вардар, кој може да биде одлучувачки за треттото место на табелата е дуелот со Пик Сегед во Унгарија. Мечот е закажан за 28.02 со почеток од 17:30 часот.