Фудбалскиот клуб на Вардар генерацијата родени “2002“ година на најдобар можен начин го отвори пролетниот дел од сезоната. Своето деби на клупата на оваа генерација го имаше и новиот тренер Петар Георгиевски кој започна со висока победа. Совладана беше екипата на Сарај со резултат од 14:0. По првото полувреме резултатот гласеше 5:0. Новото засилување Атом Фазлиу имаше свој ден, откако успеаа да постигне дури 6 гола, исто така се истакнаа и Дарко Димитров, Леонид Игнатов и Харбин Речица. Сепак најубавиот погодок на овој натпревар беше дело на Андреј Стојанов, кој успеаа директно од корнер да го “матира“ противничкиот голман.
-Впечатоците од првиот пролетен натпревар се одлични. Играта беше фантастична од целиот тим, тоа го покажува и самио резулат. Вардар секогаш треба да игра добро и да очекува вакви големи победи. Од секогаш сум сакал да постигнам таков гол од корнер. Ова е еден од моите најубави погодоци, изјави Андреј Стојанов за нашиот сајт.
Звонко Ивановски