Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Црвено – црн викенд
Црвено – црн викенд

Црвено – црн викенд

Овој викенд беше дефинитивно црвено – црн викенд. Сите три главни екипи на Вардар издвојуваа многу значајни и пред се тешки победи.
ФК Вардар ја имаше најлесната задача пред своите гледачи да го победи тимот на Ренова од Тетово. Вардарци тоа го направија на многу професионален начин, вчера на Арената Филип II убедливо беше совладан тимот на Ренова со 4:1.

РК Вардар исто така имаше натпревар пред своите гледачи против Шведскиот тим на Кристијанштад. Исто како и фудбалерите, ракометарките на Вардар не израдуваа и ни донесоа уште една значајна победа во борба за што подобар пласман во групата два од ЛШ.

ЖРК Вардар ја имаше овој викенд најтешката задача пред себе, и тоа против Европскиот првак тимот на Будуќност од Подгорица. Вардарки одиграа еден одличен натпревар со многу трчање агресивна одбрана и сосема заслужено го добија овој натпревар со резултат 26-24, што беше и трета победа во низа за Вардарки во ЛШ.
Честитки за ФК, РК и ЖРК – Вардар за победите овој викенд!