Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Во кугланата “Вип“ при СЦ “Б.Трајковски“ ќе се одигра вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“
Куглање: Во кугланата “Вип“ при СЦ “Б.Трајковски“ ќе се одигра вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“

Куглање: Во кугланата “Вип“ при СЦ “Б.Трајковски“ ќе се одигра вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“

Годинава, повторно кугларскиот клуб Вардар ќе биде домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на  вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“. Овој силен собир   ќе се одржи  в сабота, на 8-ми септември во Скопје. Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република  Македонија. Настанот ќе се одржи во кугланата “ВИП“ која е во склоп на Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје.

Ланското прво издание на црвено-црниот турнир се одржа во истата куглана, каде вардарци ја одиграа и целата сезона во Македонската кугларска лига како домаќини. За разлика од турнирот оваа сезона во МКЛ и Куп натпреварите ќе бидеме домаќини во кугланата “Мусандра“ во Гратскиот трговски центар Скопје. Веќе е дефиниран форматот на турнирот на истиот ќе играат екипи од четири екс Ју републики, Србија, Хрватска, Словенија и Македонија. Учесници се екипите на КК Партизан и КК Београд од Србија,  хрватски КК Метројак, од Словенија преставник ќе биде тимот на КК К.Камник, а од нашата земја покрај Вардар учество ќе земе и тимот на КК ГТЦ Мусандра.