Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Попов: Ако први постигнеме гол во Тетово, ќе биде тешко да не победат
Попов: Ако први постигнеме гол во Тетово, ќе биде тешко да не победат

Попов: Ако први постигнеме гол во Тетово, ќе биде тешко да не победат

Тимот на Вардар утре започнува со натпреварите во новата сезона во ПМФЛ. Пред утрешниот натпревар и гостувањето во Тетово, свое очекување за натпреварот даде новиот капитен на Вардар, Горан Попов.

„Гостуваме на екипа која што ќе го има нашиот респект затоа што во квалификациите во Лигата на шампионите покажаа дека дека имаат квалитет. Меѓутоа со Вардар, Шкендија секогаш имала проблем во минатото особено на домашен терен. Ако први постигнеме гол во Тетово, ќе биде тешко да не победат. Вардар оваа година има млада екипа, неколку засилувања кои што им треба време да се адаптираат во новата средина, и затоа се уште не сме запознаени меѓу себе. Затоа и се случи тоа што се случи во Европа. Меѓутоа сега се фокусираме кон настапите во шампионатот, и нормално нашата цел е да одиме на првото место. Шкендија е добра екипа, имаат повеќе натпревари од нас после подготовките. Но, одиме подготвени во Тетово да се надигруваме. Јас ќе бидам реален и ќе кажам дека на хартија Шкендија во моментов има поквалитетна екипа од Вардар, меѓутоа добро е познато дека на вакви натпревари одлучуваат инспирација, желба, мотив… Ако јас и моите соиграчи влеземе максимално во мечот, и секој да ги исполни задачите на тренерот Васоски, тогаш можеме да дојдеме до позитивен резултат“, рече Попов.