Своите очекувања од дербито покрај Попов ги искажа и најдобриот играч на Вардар кој сезонава треба да биде ударна алка во нападот на црвено – црните и играч кој ќе биде задолжен за голови, Тигран Барсегјан, кој останува во Вардар и во иднина.
„Одиме на победа како и на секој натпревар. Имаме поинаква екипа од лани, меѓутоа верувам дека и овие играчи можат да дадат максимум со Шкендија и да ги освоиме бодовите. Само со ангажирана игра можеме да се надеваме на добар резултат. Сепак, ја респектираме екипата на Шкендија која што се покажа добро во Европа. Меѓутоа имаме и ние квалитет, и во минатите сезони покажавме дека можеме да се надигруваме со Шкендија, особено на нејзин терен. Се надевам дека утре ќе дојдеме до посакуваната цел. Се надевам и посакувам успешно да го стартуваме новиот шампионат“, изјави Барсегјан.