Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Кизиќ, Анѓелковски, Карапалевски, Ѓорѓиев и Ќосевски, во составот на кадетската селекција, за дуелот со Литванија
Кизиќ, Анѓелковски, Карапалевски, Ѓорѓиев и Ќосевски, во составот на кадетската селекција, за дуелот со Литванија

Кизиќ, Анѓелковски, Карапалевски, Ѓорѓиев и Ќосевски, во составот на кадетската селекција, за дуелот со Литванија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија денес го стартува ЕХФ Шампионатот во Грузија. Прв противник за нашите надежи е селекцијата на Литванија, дуел кој започнува од 15:00 часот.

Селекторот Данило Брестовац го објави составот на ракометари, кои ќе излезат на теренот за овој дуел. Во него се најдоа и пет играчи од Вардар. Тоа се голманот, Марко Кизиќ, пикерот, Кристијан Анѓелковски, бековите Карапалевски и Ѓорѓиев и десното крило, Ален Ќосевски. Сите споменати се дел од Вардар Јуниор, кој се натпреварува во супер лигата.

Очекуваме добра игра и стартна победа на Македонија.