Покрај искусните ракометарки, од редовите на Вардар си заминаа и неколку млади талентирани играчи кои во иднина треба да бидат носители на играта во нашата репрезентација.
Левиот бек Леонида Гичевска (20), која важи за еден огромен талент, својата кариера ќе ја продолжи во редовите на ривалот ЖРК Металург. Покрај Гичевска, новајлија во редовите на тимот од Автокоманда е и младата Стефани Софтовска (16), која исто така беше дел од нашиот тим.
Новата сезона започнува на 8 септември, а Вардар ќе биде домаќин на тимот на Куманово.