Вардаровата генерација родени “2006„ година со убедлива победа го стартуваше силниот меѓународен турнир во Хрватска, “Меѓимурец 2018„. Избранициците на Павел Неделковски високо ја победија екипата на Оксала со резултат од 5:1.
Резултатот на 1:0 го отвори Стефан Коловски кој доби една топка во празно од Алтин Алију и излезе сам пред голманот и го матираше. Водството на 2:0 го зголеми Стефан Коловски, на голот претходеше акција на Давор Лефковски, кој направи соло пробив по десната страна и одлично асистираше до Коловски на кого не му беше тешко да ја смести во мрежата. Ова беше резултат на полувреме.
Доминација на Вардарци и во вториот дел, кои покажаа дека се поквалитетни од противникот. Дарко Сековски изведе одличен корнер, по што Кристијан Галевски одлично скокна и со глава ја смести топката во мрежата, што значеше водство од 3:0. Во листата на стрелци се запишува и Олег Трифуновски, кој најдобро се снајде во шеснаесетникот и погоди за 4:0. Во следните минути почесен гол и за екипата од Јапонија, која го намали реззултатот на 4:1, додека конечниот резултат од 5:1 го постави Олег Михајловски Инаку ова беше рутински меч за вардарци со постојана иницијатива.
Во текот на утрешниот ден ќе одиграме два натпревари на турнирот. Најпрво противник на црвено-црните ќе биде МТК Будапешт (12:20), за во последното коло да се сретнеме против Хајдук Сплит (16:00 часот).