Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Слаб старт на турнирот “Хеиде Куп“, Вардар поразен од Хамбург
Слаб старт на турнирот “Хеиде Куп“, Вардар поразен од Хамбург

Слаб старт на турнирот “Хеиде Куп“, Вардар поразен од Хамбург

Екипата на РК Вардар имаше лош старт на силниот меѓународен турнир “Хеиде Куп“, каде на првиот дуел се поразени од германскиот второлигаш, екипата на Хамбург. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 31:25.

Во првото полувреме гледавме израмнет натпревар, во кој двете екипи константно се менуваа во водство, а најголемата разлика до која стигнаа беше два гола разлика. Мечот започна со игра гол за гол, а новиот стратег од клупата на Вардар, во нападот започна со Дибиров, Горбок, Војводиќ, Киселев, Фереира и Чупиќ, додека на голот беше новото засилување, Дејан Милосављев. Првите пет гола за Вардар беа дело на само двајца играчи и тоа Иван Чупиќ кој имаше 3/3 во обидите од седум метри, додека два гола од својата позиција постигна и Мораес Фереира. Првиот гол во дресот на Вардар го постигна и повратникот, Сергеј Горбок кој во 13 минута го израмни резултатот на 6:6. Дејан Милосављев добро започна со 2 одбрани до 5 минута, но исто толку интервенции имаше и до истекот на првите 30 минути, зад неговото име стоеа 4 успешни одбрани. Тренерот Парондо во првиот дел им даде шанса за настап на сите играчи, освен двајцата млади голмани. При предност на противникот од 7:6 следеше најдобриот период во нашата игра, кога со серија од 0:3 и тоа со головите на Горбок, Скубе и Киселев поведовме со 7:9, во 17 минута од дуелот. Наместо да се одлепиме резултатски, Вардар влезе во игра со неколку грешки и промашени зицер удари, што му овозможи на Хамбург, најпрво во 20 минута да го израмни резултатот на 10:10, за по пет минути подоцна да има водство од 12:11. Оваа предност, германците успеаа да ја задржат до истекот на првиот дел, иако имаа и шанса да заминат на одмор со два гола разлика, сепак со звукот на сирената погоди Борозан, за само минимално водство од 16:15 за Хамбург по првите 30 минути.

На стартот на вториот дел, противникот постигна гол и зголеми на 17:15, додека во својот прв напад, Вардар намали преку Чупиќ. Слабо го стартувавме овој дел од дуелот, кога му дозволивме на противникот во 39 минута да има највисоки 22:18. Направивме промена на голманската позиција, Петковски го замени Милосављев, додека Чупиќ повторно успешен од седмерец, намалува на 23:21. Голманот на Хамбург, Едвардсон ја направи разликата, со негови неколку интервенции, ја одржуваше предноста од 2-3 гола. Прва одбрана и за Андреј Петковски, но Хамбург имаше солидно водство од четири голови. Дефинитивно исландскиот чувар на мрежата на Хамбург, Едвардсон е еден од најзаслужните за победата, повторно одбрани зицер удар. На крајот пораз на Вардар, изразен со резултат 31:25.

Вардар: Стоилов 2, Поповски 1, Недановски, Криштопанс 1, Мораеш 6, Скубе 1, Чупиќ 5, Дибиров, Горбок 2, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 2, Кисељев 1, Мишевски, Милосављев, Петковски