Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Македонија го заврши настапот на СП, “вардаровото дуо“ Влаќевски-Димитровски со најдобри скорови
Куглање: Македонија го заврши настапот на СП, “вардаровото дуо“  Влаќевски-Димитровски со најдобри скорови

Куглање: Македонија го заврши настапот на СП, “вардаровото дуо“ Влаќевски-Димитровски со најдобри скорови

Македонската кугларска репрезентација го заврши настапот на Светското првенство во Чешка. Црвено-жолтите по шест години пауза повторно беа дел од голем собир, на истиот одигаа солидно. Остварија една победа и три пати беа поразени, малку фалеше да имаат подобар скор, но во кличниот дуел со Чешка изгубија минимално.

Кога сме кај личните постигнувања на играчите кои настапија на првите две позиции очекувано се вардарците. Најдобар скор има Влаќевски Бојан, играч кој само ја потврди светската класа која ја поседува. Бојан настапува во Хрватска каде замина од КК Вардар. “Кугларскиот Моцарт„ светското првенство го заврши со просек од 655 “соборени дрва“.

dime-vlake-2

Претседателот на Вардар, Димитровски Димитар има втор скор во македонската селекција. Класично како и во времето кога беа дел од Вардар, дуото Димитровски-Влаќевски се на врвот на листите. Вардаровиот дијамант, Димитровски  одигра повторно на високо ниво, имаше 630 “соборени дрва“ на ова првенство зад своето име покажувајќи дека класата е вечна.

Некогашното “вардарово дуо“ како и во многу наврати докажа дека станува збор за  најдобрите македонски куглари.