Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардар го совлада Макпетрол-Б со 6:2
Куглање! Вардар го совлада Макпетрол-Б со 6:2

Куглање! Вардар го совлада Макпетрол-Б со 6:2

Кугларите на Вардар во рамки на 2.коло од МКЛ одиграа натпревар против КК Макпетрол-Б. Црвено-црните на оваа средба беа подобри со резултат 6-2, ние победивме со идентичен резултат во однос на првото коло кога Макпетрол-А беше по успешен од нас.

На дуелот кој се одигра во кугларницата „Мусандра“ ривалот по првиот пар поведе со 2-0, ние во вториот изедначивме на 2-2 во поени. Во клучниот третти дуел успеавме да дојдеме до победа со 4-2, заедно со двата поени за подобар екипен скор остваривме победа со 6-2. Вардар имаше 3309 „соборени дрва“ односно дури 256.повеќе од противникот. Во сетови дуелот го добивме со 17,50 према 6,50.

Кај нас поенираа Димитар Димитровски, Митиќ Бранко, Манев Коста и Димовски Пеце.