Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рутинска победа за Вардар на гостувањето во Прилеп
Рутинска победа за Вардар на гостувањето во Прилеп

Рутинска победа за Вардар на гостувањето во Прилеп

Ракометарите на Вардар ја запишаа и третата победа во рамките на домашното првенство. Избраниците на Владо Недановски денес славеа убедливо на гостувањето кај екипата на Прилеп со резултат 19:34.

Прилеп покажа „заби“ само на стартот од натпреварот кога интересно поведе со 3:0, а одржуваше резултатска рамнотежа некаде до 13 минута кога имаше водство од 6:4, за Вардар да направи серија од 0:4 и да ја превземе предноста. Црвено-црните до крајот на натпреварот не дозволуваа никакви возбудувања, како одминуваше времето само ја зголемуваа разликата, за на полувреме истата да изнесува пет гола позитива (12:17).

По само неколку минути игра во вториот дел беше јасно во каков правец ќе оди ова полувреме, кога Вардар постигна три последователни голови и зголеми на 12:20. Се до крајот беше рутина, Недановски комбинираше со тимот, и им даде шанса на сите играчи кои денес беа на располагање.

Најефикасен во нашите редови беше Дејан Манасков со 8 голови, Филип Талески постигна 6, додека 5 гола запиша Јан Чувара.