Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Низата продолжува, Поп-Крстев и четвртто коло по ред дел од идеалниот тим во МКЛ
Низата продолжува,  Поп-Крстев  и четвртто коло по ред дел од идеалниот тим во МКЛ

Низата продолжува, Поп-Крстев и четвртто коло по ред дел од идеалниот тим во МКЛ

Во четвртокот  во натпревар од Македонската кугларска лига во рамки на  претпоследното, 14.коло екипата на   КК Вардар беше  домаќин на шампионот, КК Макпетрол. На натпреварот кој се одига во кугланата “ВИП“ при С.Ц “Борис Трајковски“ -Скопје противникот дојде до триумф со резултат 1-7.

Макпетролци  во сетови победија со 16 према 8, “пумпашите“ соборија 3413 “дрва“ а момците на Драги Димитровски имаа скор од 3216.  Најдобар резултат кај нас забележа Георг Поп-Крстев  кој имаше 565 “чуња“ , но за жал  не поенираше на оваа средба. Младиот Поп-Крстев продолжи со прекрасната низа, тој повторно, четврти пат по ред е во иделниот тим на колото. Практично во сите дуели од треттиот и последен круг во МКЛ беше дел од топ-6 тимот. Ова момче дефинитивно станува фактор во играта на црвено-црните.