Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ниту седум голови на Гичевска не беа доволни за позитивен резултат на младинската репрезентација, која со висок пораз го отвори квалификацискиот турнир за пласман на СП
Ниту седум голови на Гичевска не беа доволни за позитивен резултат на младинската репрезентација, која со висок пораз го отвори квалификацискиот турнир за пласман на СП

Ниту седум голови на Гичевска не беа доволни за позитивен резултат на младинската репрезентација, која со висок пораз го отвори квалификацискиот турнир за пласман на СП

Младинската ракометна репрезентација на Македонија со висок пораз го стартуваше квалификацискиот турнир за пласман на СП во Унгарија. Избраничките на Јулијана Дамчевска во првото коло се поразени од домашната селекција на Исланд.

Само во првите пет минути, Македонија имаше предност кога резултатот беше 3:2, за Исланд да направи серија од 0:3 и да поведе со 3:5 во 10 минута од мечот. Противникот имаше и позитива од три гола (5:8), но нашите младинки во 16 минута се доближија на само еден гол негатива (7:8) и тоа беше се што успеаа да сторат на овој дуел. Следеше период кога шест минути не можевме да постигнеме гол, а противникот постигна четири голови во серија и зголеми на 7:12. Направивме многу грешки во нападот, додека и одбраната не беше на своето ниво. Како одминуваше првиот дел растеше предноста за домаќинот, кој поведе со 8:15 и оваа разлика ја одржуваа до истекот на првите 30 минути кога резултатот на семафорот гласеше 12:18.

Одигравме и лошо второ полувреме, кога Исланд по само десет минути игра имаше двоцифрена предност од 16:26, а предноста растеше и со резултат 16:29. До крајот на натпреварот постигнавме само три голови, што е премалку, за висок пораз на стартот од овој квалификациски турнир (19:35).

Леонида Гичевска од Вардар беше најдобар стрелец со 7 голови, додека уште една ракометарка од црвено-црните се запиша во листата на стрелци, тоа беше Милица Николиќ со 2 голиви. На голот солидна беше и Јована Мицевска. Денес на програмата е натпреварот од второто коло, против селекцијата на Германија.