Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар доминира во идеалниот тим на колото, четири играчи во топ-6 тимот
Куглање: Вардар доминира во идеалниот тим на колото, четири играчи во топ-6 тимот

Куглање: Вардар доминира во идеалниот тим на колото, четири играчи во топ-6 тимот

Во првиот меч од  третиот круг во Македонската кугларска лига, KK Вардар ја пречека  екипата на КК 18 Август 2016. На натпреварот одигран во кугланата  ВИП- при Спорскиот центар “Борис Трајковски“  ние доминиравме и победивме со максимални 8-0. Покажавме дека може да одиграме на ниво па така екипно имавме скор од 3405 што е убедливо најдобро тимско постигнување во ова 11 коло. Противникот беше зад нас со дури 380 “дрва“, односно собори 3025. Доминиравме и во освоени сетови каде имавме 19, а гостинот остана на само 5, што донесе победа од максимални 8-0 на овој дуел.

Одличната игра во овој дуел се рефлекираше и на изборот на идеален тим, топ-6 листата на ова 11.коло. Во неа дури 4 места се за црвено-црните, додатно значење е тоа што сите три дуели се играа во Скопје па немаше мали постигнувања во кугланата в Битола.  Најдобро место има Поп-Крстев 613 (374+239) кој е второпласиран, покрај него на листата се најдоа и Коста Ристевски 598 (385+213)Миле Димовски 571 (351+230) и Марјан Згонц 571 (354+217). Топ-6 листата и моменталната табела во МКЛ погледнете ги во продолжение.

q9