Вардар одработи уште едно тешко гостување, каде славеше против екипата на ППД Загреб, во рамките на 15 коло од СЕХА-лигата. Успеавме да славиме минимално со резултат 24:25 и да останеме единствениот тим, кој се уште е непоразен во ова натпреварување. На овој дуел, Карачиќ успеа да постигне два гола, кој после завршување на натпреварот ги сподели своите впечатоци од триумфот во Загреб.
-Очекувавме добар и пред се тежок натпревар против Загреб. Долгите патувања и неколкуте тешки гостувања се одразуваат на нашата игра која е во пад. Најважно е дека бодовите остануваат кај нас, го држиме првото место во СЕХА и Лигата на Шампионите. Без обзир на нашата не толку добра игра, одиме чекор по чекор за да го повториме успехот од минатата сезона. Сакаме да ја освоиме СЕХА-лигата и да се обидиме да стигнеме најдалеку во ЛШ.