ЕХФ делегираше судиска двојка од Австрија да ја дели правдата на натпреварот во петок во Скопје на кој се среќаваат тимовите на Вардар и Битигхајм.
Судии на овој дуел ќе бидат Ана Врањеш и Марлис Венингер, ЕХФ делегат пак, ќе биде Светлана Обучина од Србија.
Вардарки се апсолутни фаворитки на овој дуел. Натпреварот меѓу Вардар и Битигхајм е закажан за петок (02.03.2018) во 19.00 часот во СЦ “Јане Сандански”.