Вчера во натпревар од Македонската кугларска лига во рамки на претпоследното, 14.коло екипата КК Вардар беше домаќин на шампионот, КК Макпетрол. На натпреварот кој се одига во кугланата “ВИП“ при С.Ц “Борис Трајковски“ -Скопје противникот дојде до триумф со резултат 1-7.
Вардарци во овој дуел влегоа растеретено поради фактот дека во минатото коло во клучниот дуел за второто место триумфираа со дирекниот конкурент КК ГТЦ Мусандра. Макпетрол одигра вчера на ниво па не остави простор за изненадување на кое ние и не тргнавме на овој дуел. Тие во сетови победија со 16 према 8, “пумпашите“ соборија 3413 “дрва“ а момците на Драги Димитровски имаа скор од 3216. Единствениот поен за нас го оствари Влатко Стојановски со скор од 556 соборени дрва, толкав учинок имаше и Коста Ристевски. Најдобар резултат кај нас забележа Георг Поп-Крстев кој имаше 565 “чуња“ но не поенираше на оваа средба. Во последното коло се сретнуваме со екипата на КК Хераклеа од Битола, и според распоредот ние сме гости на овој дуел.