Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Четири ракометарки на Вардар денес со младинската репрезентација ја стартуваат “мисијата“ наречена пласман на Светското првенство во Унгарија
Четири ракометарки на Вардар денес со младинската репрезентација ја стартуваат “мисијата“ наречена пласман на Светското првенство во Унгарија

Четири ракометарки на Вардар денес со младинската репрезентација ја стартуваат “мисијата“ наречена пласман на Светското првенство во Унгарија

Денес стартува мислијата за младинската женска ракометна репрезентација, наречена пласман на светското првенство во Унгарија. Избраничките на Јулијана Дамчевска се наоѓаат во Исланд, односно во гратчето Вестманејар. каде вечерва ќе го одиграат својот прв натпревар.

Противник за нашата селекција ќе биде токму домаќинот на овој квалификациски турнир, тоа е селекцијата на Исланд. Натпреварот вечерва започнува од 19:00 часот. Во три дена, Македонија ќе одигра три натпревари, утре на програмата е дуелот против Германија, додека во недела се среќавме со Литванија. Само првите две пласирани селекции ќе успеаат да се пласираат на Светското младинско првенство. Во составот на Македонија за овие дуели се наоѓаат и четири ракометарки на Вардар. Се работи за голманките, Јована Мицевска која настапува за првиот тим, Слободанка Кицеска, како и Леонида Гичевска и Ивона Трпевска, членови на Вардар Јуниор.

Фото: Gol.mk