Во недела, ново коло во регионалната – скопска лига ќе одиграат генерациите на ФК Вардар родени 2003 и 2004 година. Противник е екипата на Милано, а мечевите ќе се одиграат во Куманово, во термините од 09:00 и 11:00 часот.
Вардаровата генерација родени “2003“ година има две последователни победи во пролетниот дел и се очекува оваа серија да ја продолжи и на неделниот меч против врсниците од Милано. На првиот дуел одигран во есенскиот дел, славеше Вардар и тоа убедливо на теренот на Академијата со резултат од 4:0. На тој дуе два гола постигна Лео Андрески, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Дарио Јовановски и Влатко Стојаовски. Избраниците на Чунга Лунга се наоѓаат на првото место на табелата со 37 освоени бодови, додека екипата на Милано се наоѓа на четвртото место со 28 бодови.
Генерацијата “2004“ под водство на Игор Кралевски имаат 12 победи оваа сезона од исто толку одиграни натпревари оваа сезона. Ова ќе биде дуел на првите две пласирани екипи на табелата, Вардар е прв со 36 бодови, додека Милано се наоѓа на втората позиција со 26 освоени бодови. Црвено-црнте го добија првиот нивни меѓусебен дуел, во првиот дел од сезоната остварувајќи победа со резултат од 5:0. Сандро Каровски успеа тоагаш да постигне два гола, додека по еден беа дело на Никола Павлески, Бесар Гуџуфи и Давор Серафимов. Вардар успеа истиов противник да го елиминира и во четвртфиналето на купот.