Кугларскиот клуб Вардар за две недели поточно на 28.април ќе одигра меѓународен тест-натпревар со екипата на Калцит Камник од Република Словенија. Црвено-црните избраници на Драги Димитровски патуваат по покана на екипата од Словенија со која имаат пријателски односи.
Нашиот домаќин беше учесник на првиот 8мо септемвриски кугларски турнир оддржан лани во организација на нашиот Вардар, па пријателството и начелната согласност за овој дуел постоеле уште од тогаш помеѓу двата колектива. Експедицијата заминува од Скопје ден порано на 29.април, петок на пат за Словенија. Вардарци по крајот на МКЛ вчера продолжија со тренинзи, тие наредните триесетина дена ќе работат во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје.