Денес на теренот на фудбалската Академија на Вардар во Скопје се одигра дуел од 19.коло во кадетската лига. Во истиот момците предводени од Колев, кадетите на ФК Вардар ја пречекаа екипата на ФК Ренова од Тетово. Во еден меч со целосна доминација победата ја однесе црвено-црниот состав со резултат 4-0 (3-0).
Тренерот Колев Влатко дуелот го почна со следниот тим: Tимевски, Радевски, Пешевски, Димоски, Благојевиќ, Ѓорѓиески, Младеновски, Митревски, Петковски, Димов и Ристовски. Играа уште во вториот дел: Стојковски, Туша, Мустафи, Речица, Николов и Астарџиев.
Рано почнавме со офанзива кон голот на “гипсарите“ веднаш по првиот судиски свиреж, тоа донесе рано водство, веќе по само десет минути водевме со високи 2-0 и најавивме победа. Во 7.минута мечот со погодок го отвори Давид Ристовски кој погоди за 1-0. Водството го удвоивме три минути потоа, во 10.минута со удар од над 30.метра прекрасен погодок постигна Димоски Бојан, кој погоди за 2-0. Следеа две големи прилики кои не ги претвори во гол Милан Благојевиќ, и во двете прилики Таири Михамед голманот на Ренова беше поуспешен од нашиот играч. Следеше нова офанзива на црвено-црните, гостите од Тетово во првиот дел имаа семо еден удар над голот на Тимевски. Најпрвин од слободен удар се обиде Бојан Димовски, а потоа од дистаница Алексадар Младеновски го проба својот шут, тој удар мина на неколку саниметри крај десниот директ. Во 39.минута конечно по неколку обиди Милан Благојевиќ го најде патот до мрежата на сино-белите. Тој погоди по една соло-ација по земја за 3-0, резултат со кој се замина на пауза.
Вториот дел почна со серија измени од првата до 10.минута од вториот дел тренерот Колев ја уфрли целата клупа во игра. Милан Благојевиќ прв имаше прилика и во вториот период, неговиот удар мина крај дирекот. Митревски Божидар имаше одлична прилика во продолжение, тој беше во прилика за зголемување на водството сепак неговиот удар заврши крај голот на Таири Мухамед. Ренова доби пенал, нивниот играч Владин Алтин неуспеа да го совлада нововлезениот голман Лука Стојковски и нашата мрежа остана не начната.
Ветон Туша, украде една топка ја изфрли целата одбрана од игра, на крајот го мина и голманот, потоа лесно погоди на празен гол по земја за високи 4-0. Прилики имавме уште неколку за одбележување, се обидовме преку Милан Благојевиќ, Јусуф Мустафа и Туша до крајот сепак не успеавме да погодиме за “петарда“. Во овој дуел во кој целосно доминираа нашите момци на крајот победата беше освоена со резултат 4-0.
Со овој триумф продолжи борбата за титулата во лигата, во која како конкурент го имаме тимот на Шкендија.