Денес на терените на ФФМ продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. Натпревар одигра и генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година и тоа Вардар (1) кој успеа да ја совлада екипата на Албарса.
Гледавме интересен и пред се квалитетен натпревар со многу шанси на двете страни. Противникот пружи силен отпор и исто така имаше изгледни шанси, но денес за бранење расположен беше нашиот голман, Даниел Исајловски, токму со негова одбрана започна мечот, кога Албарса го имаше првиот директен удар кон нашиот гол. Врати Вардар преку Милош Спасовски и Стефан Младеновски, кои ги имаа првите директни удари за црвено-црните, посебно добра прилика имаше Младеновски, но топката отиде само покрај голот на противникот. Албарса успева прва да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, а имаа голема шанса во следните минути и да го зголемат резултатот, но нашиот голман, Данил Исајловски одбрани пенал, откако Вардар направи три корни. До крајот на првите 25 минути за одбележување е обидот на Грашески, кој од слободен удар бие над голот на Албарса. По првиот дел, противникот имаше минимално водство од 0:1.
Многу подобра игра за избраниците на Томче Трајановски, кои во вториот дел доминираа на теренот и на крајот заслужено победија. Не помина ниту една минута во второто полувреме, а Вардар успева да постигне прв гол на мечот и да го израмни резултатот на 1:1, преку Александар Грашески. Веднаш после израмнувањето се обиде и Златко Радески, но одбрани противничкиот голман. Гледавме одличен и брз меч и двете екипи наметнаа силно темпо на игра, во кое подобар и пофизички спремен беше Вардар. Обид на Албарса од прекин и нова одбрана на Исајловски, кој спречува негатива. Вардарци успеваат да направат резултатски пресврт и преку Киш Марко да поведат со 2:1. Во следните минути во два наврати шанси имаше Стефан Младеновски, кој најпрво бие покрај голот, а во вториот обид, голманот на Албарса го одбрани ударот. За да биде поинтересен мечот се погрижи Албарса која постигна гол и израмни на 2:2, но тоа беше се што успеаа да сторат на овој меч. Разлутени избраниците на Томче Трајановски, до крајот на натпреварот го демонстрираа својот квалитет и не само што забележаа триумф, туку се покажа и како убедлива победа. Откако Албарса направи три корни, судијата покажа на белата точка, а пеналот успешно го реализираше Александар Грашески, за нова предност од 3:2. До крајот на мечот играше само Вардар, кој направи голем притисок кон противничкиот гол. Конечно гол и за Стефан Младеновски, кој го зголеми резултатот на 4:2, на одлична асистенцијата од Радески, која ја нафрли топката. Последните два гола на овој дуел беа дело на Војо Стојановски, кој ги постави конечните 6:2, на овој дуел од детската лига, кај генерацијата родени “2007“ година.
До крајот на денот оваа генерација ќе одигра уште еден дуел во детската лига, но со Вардар (3), кој се натпреварува во повозрасната генерација “2006“.