Кугларот Димитар Димитровски е вистински “бисер во круната“ на црвено-црниот кугларски колектив во кој патем е и претседател. Тој зимово поради лични обврски за време на зимската пауза не одработи речиси ништо од подготвителните термини и влезе “дирекно во оган“ на двете скопски дерби пресметки со ГТЦ и оваа која покрај скопска е дерби за шампион во Македонија со Кк Макпетрол.
Сепак вонсерискиот кугларски квалитет кој го има ова момче дојде до израз на двата меча во минатиот со Гтц и ова коло дома со Макпетрол. Во мечот во кугларницата “Мусандра“ со Кк ГТЦ кај нас најистакнат поединец беше Димитар Димитровски кој тогаш имаше резулат од 610 “соборени дрва“ овој негов скор од 610 му донесе признание играч на 4.коло во Македонската кугларска лига. Тој го зазема лидерскот место на топ-6 листата за тоа некомплетно 4 коло во МКЛ. Исто и во дербито вчера во рамки на 5.коло со шампионот Кк Макпетрол Димитровски блесна повторно и оствари најдобар скор 636 “соборени дрва“, со што се закити со признанието “играч на колото“ во Македонската кугларска лига. Очекуваме Димитар и понатаму да биде еден од лидерите на Вардар и да го носи нашиот тим до остварување на сонот двојната круна во Македонија во куглање за оваа сезона 2015/2016.