Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победи за екипите на РК Преспа-Вардар и Академија 3 во натпреварите од Јуниор лигата,
Победи за екипите на РК Преспа-Вардар и Академија 3 во натпреварите од Јуниор лигата,

Победи за екипите на РК Преспа-Вардар и Академија 3 во натпреварите од Јуниор лигата,

Победи за екипите на РК Преспа-Вардар и Академија 3 во натпреварите од Јуниор лигата, одиграни во спортскиот ракометен центар Кале.

Натпревар во генерација родени 2002/03 во машка конкуренција помеѓу екипите на Рк Преспа Вардар и Опш. Кисела Вода му припадна на Рк Преспа. Со серија од 6:0 на стартот на мечот Рк Преспа ја најави победата на денешниот дуел. До крајот на првиот дел успеаа да ја задржат оваа предност, за резултат од 9:4 по првото полувреме.

Вториот дел започна со два последователни голови на Рк Преспа за највисоки 11:4. За брзо време дојдоа и до двоцифрена предност од 15:5. Како одминуваше дуелот нивното водство се повеќе растеше 18:5, на пет минути до крајот на дуелот. Конечниот резултат гласеше 22:11.

Академија 3 успеаа да забележи победа во дуелот со екипата на Рк Урдаревски, во генерација родени 2000/01 година. Само во првите пет минути се играше израмнето, кога резултато беше 3:3. Од тие моменти Академија 3 прави серија од три голови, за прво поосетливо водство од 3:6. На полувреме резултатот гласеше 5:7.

Во второто полувреме за кратко успеаа Рк Урдаревски да се врати во игра намалувајќи на 10:12. Но од тие моменти со серија од 0:5, екипата на Академија 3 успева да го направи решавачкиот чекор кон победата. До крајот на натпреварот Рк Урдаревски немаше сили да се врати во мечот. Конечниот резултат гласеше 12:20.