ЖКК Вардар се пласираше во финалето од Купот на Македонија. Попладнево нашите девојки лесно се справија со тимот на Пелистер и закажаа утрешно финале со Бадел 1862. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 67:46.
Првиот период помина доста изедначено со многу грешки и на двете страни. Првиот период нашите девојки го добија само со два поени разлика. Како минуваше времето така и вардарки си ја зголемуваа предноста, па така вториот период нашите девојки го добија со резултат 20-8. Вториот дел започна уште по убедливо за нашиот тим. Третата четвртина нашите девојки ја добија со девет поени разлика, за веќе сигурна предност. Последниот период нашите девојки го одиграа рутинирано, во игра влегоа помладите кошаркарки кои успеаја да постигна вкупно 11 поени.
Во редовите на нашиот тим прв стрелец беше Ватс со 16 поени, Муса придодаде 11 а имаше и дури 15 скокови. Во поразениот тим Спировска постигна 14 поени.