Младите Вардарци на фудбалскиот клуб Вардар од генерација родени 2008“ година денес одиграа контролен натпревар против екипата на С.Р.Ц. Карев. Овој меч се одигра на теренот на академијата и заврши со победа на нашите млади надежи. Конечниот резултат на овој пријателски натпревар беше 11:3.
Вардар прв го отвори резултатот на натпреварот и со голот на Павел Андов поведе со 1:0. Противничката екпа во првото полувреме даваше отпор и не дозволи да има голема негатива во овој дел од натпреварот. Сепак црвено-црните постојано напаѓаа кон голот на Карев обидувајќи се да постигнат повеќе голови. Стигна и вториот гол во противничката мрежа, дело на Ненад Дамјановски за преднсот од 2:0. Во следната акција екипата на Карев успева да постигне пр в гол на мечот и да намали на 2:1. До крајот на првото полувреме, екипата на Вардар успева да погоди уште два пати. Најпрво на 3:1 зголеми Павел Андов, за потоа со вториот гол на Ненад Дамјановски да го зголемиме резултатот на 4:1. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме. Во вториот дел нашите момчиња беа поактивни, а до израз дојде и подобрата физичка подготвеност.
Сепак првиот гол во второто полувреме го постигнува противникот за намалување на 4:2. Следните два гола на мечот и тоа први за Филип Сребров за зголемување на 6:2. Во следната минута за момент екипата на С.Р.Ц. Карев успева да го намали резултатот на 6:3. Сепак до крајот на дуелот целосна офанзива на Вардар кон голот на противникот. Илија Митаноски со следни два последователни голови успева да поведе со 7:3 и 8:3. Набргу Павел Андов стигнува и до хет-трик со сва нови гола за веќе водство од 10:3. Последниот гол на натпреварот беше дело на Стефан Марковски, за конечен резултат од 11:3.
Ваквите натпревари на Вардарци им послужуваат за одржување на формата пред стартот на пролетниот дел од детската лига, каде нашата екипа се наоѓа на првото место.