Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Вардаровата генер. “2003“ ја победи екипата на Национал од Софија на контролен меч одигран во Скопје
(ФОТО) Вардаровата генер. “2003“ ја победи екипата на Национал од Софија на контролен меч одигран во Скопје

(ФОТО) Вардаровата генер. “2003“ ја победи екипата на Национал од Софија на контролен меч одигран во Скопје

Денес гостин на фудбалскиот клуб Вардар денес беше екипата на Национал од Софија. Пријателски натпревар со овој противник одигра Вардаровата генерација родени “2003“ година. Натпреварот убедливо им припадна на црвено-црните, кои славеа со резултат 9:1.

vardarfans-igra

Се играа две полувремиња по 30 минути. Уште по првите 15 минути од мечот имавме убедливо водство од 3:0 а стрелец на сите погодоци беше Дарио Јовановски. Веднаш потоа екипата од Бугарија постигна почесен гол за намалување на резултатот на 3:1. При една наша акција во противничкиот шеснаесетник со рака играше еден од противничките играчи , по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Антонио Мирков. Шанса за настап во првиот состав кај Вардар на овој натпревар доби и Георг Стојановски од генерацијата 2004. Токму тој успева да се запише во листата на стрелци и да го постигне четвртиот гол за предност на Вардаар од 5:1. Токму со овој резултат се замина на полувреме.

vardarfans-georg

На стартот на второто полувреме беа направени неколку измени во нашиот состав, по што тренерот Томче Трајановски реши шанса да им даде на сите играчи кои му беа на располагање. Во игра во нападот влезе и голманот Лука Стојковски. Сепак Вардарци продолжија со офанзивната игра и често создааа шанси. Следен кој се запишува во листата на стрелци беше Петре Тасески кој зголемува на 6:1. Следните три гола на натпреварот беа на новото засилување на Вардар, Дарко Младеновиќ кој успева да зголеми на 9:1. Овој резултат беше и конечен на крајот.

16806812_1250948238285353_7482441687481883646_n16832171_1250948048285372_1277605972842364684_nvardarfans-kontrolka