Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Ново Лисиче лесно со К.Вода-3 кај дамите генер.2004/05 во Јуниор лигата
РК Ново Лисиче лесно со К.Вода-3 кај дамите генер.2004/05 во Јуниор лигата

РК Ново Лисиче лесно со К.Вода-3 кај дамите генер.2004/05 во Јуниор лигата

Во текот на денешниот ден  во спортската  салата “Кале“  се одигра првото пролетното коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Во рамки на 7.коло имаше еден дуел кај дамите во генерација 2004 и 2005 година. Во истиот се сретнаа екипите на РК Ново Лисиче Вардар и РК Општина Кисела Вода Вардар-3. Екипата на РК Ново Лисиче дојде до убедлива победа со резултат 23-3 (11-1).

5

Треба да се напомене дека екипата на Кисела Вода Вардар-3 играше само со пет ракометарки во поле во текот на целиот меч. Очекувано екипата на Ново Лисиче поведе со 5-0 на почетокот, почесен гол  Кисела Вода постигна во 7 минута и намали на 5-1. До крајот нова серија 6-0 и на одмор се замина со 11-1 за Ново Лисиче.

2 4 6

Вториот дел започна како што заврши и првиот 11-0 серија за Ново Лисиче, тие поведоа со 22-1. Конечно мал период доминација и на Кисела Вода-3 тие со мини серија од 0-2 намалија на 22-3. Мечот заврши со резултат 23-3. Најдобри стрелци кај победникот беа сестрите Коцеви со по 4 гола, покрај нив 4 гола имаа и Стојановска и Ангелова.