Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардарци веќе 10.дена вредно работат на летните подготовки
Куглање: Вардарци веќе 10.дена вредно работат на летните подготовки

Куглање: Вардарци веќе 10.дена вредно работат на летните подготовки

Кугларскиот клуб Вардар летните подготовки ги започна пред дестина дена во кугларницата „Мусандра“. Црвено-црните започнаа со подготовките за есенските предизвици, не очекуваат мечеви во домашната лига и во Европа.

Ќе бидеме дел од НБЦ-Купот кој ќе се игра во Апатин, Република Србија, каде ќе ја преставуваме по петти пат во последните шест години нашата земја. Подготовките се одвиваат според новите протоколи кои се усвоини поради светската пандемија со Ковид-19. Како и сите спортови така и куглањето беше сопрено во март месец.

РОСТЕРОТ НА ВАРДАР ЗА СЕЗОНАТА 2020/2021:

 Дарко Димитровски,  Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски, Бранко Митиќ,  Марин Митиќ, Влатко Гиевски, Тони Тодоровски, Стојановски Влатко, Саша Јанковиќ, Љупчо Митиќ, Милош Миливојевиќ и  Зоран Ристиќ.