Денес, на теренот на Академијата на ФК Вардар, тренинг одржа генерацијата 2006 која е предводена од Милан Коцески. Новитет во оваа генерација е враќањето на Дарко Сековски, Стефан Коловски, Матеј Гаштаров и Кристијан Галевски, кои до месец септември ќе тренираат со Вардар, додека Давор Лефковски ќе остане во клубот. Коловски и Гаштаров, моментално се повредени, па не можат да се стават на располагање на тренерот Коцески, а единствен кој замина од клубот е Ангел Настевски, кој се пресели во екипата на Македонија Ѓ.П.
Нашиот медиум беше присутен на утринскиот тренинг, од кој ви носи фотогалерија.