Денес на програмата е четвртиот натпреварувачки ден на турнирот во Струга. Ќе се одигра и последното коло во групната фаза, по што ќе бидат познати и екипите кои ќе играат во големото финале.
Вардар е речиси пред сигурен пласман во финалето, откако победи на претходните два дуели ( против екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер 2). Последниот противник за избраниците на Алушовски, ќе биде екипата на Бутел, која е предводена од двоецот, Грчевски и Јанев.
Екипата на Бутел има половичен успех од претходните два меча, пораз против Охрид и триумф во дуелот со Еурофарм Пелистер 2. Вардар не би требало да има проблеми и на вечерашниот меч, не очекува уште еден дуел, кој треба рутински да го добиеме во своја корист. Вчера шанса за настап добија и помладите ракометари, како Јагуриновски и Карапалевски, кои успеаа да се запишат во листата на стрелци.
Во другата група, екипата на Еурофарм Пелистер е исто така блиску до финалето, откако победи на воведните два дуели.
Натпреварот против Бутел, ќе се одигра во вечерниот термин, пренос ќе има на МРТ-3