Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Даниел Аврамовски има нов клуб
Даниел Аврамовски има нов клуб

Даниел Аврамовски има нов клуб

Уште еден играч од шампионската генерација на Вардар пронајде клуб надвор од нашата земја. Најдобриот играч и стрелец минатата сезона во ПМФЛ, Даниел Аврамовски е нов играч на Кајзериспор и наскоро ќе биде претставен во Турција, каде и официјално ќе потпише договор.

Аврамовски е трет македонски интернационалец во турската Суперлига, по Ердон Даци од Коњаспор (исто така поранешен играч на Вардар) и Адис Јаховиќ од Анталијаспор.

За Аврамовски ова ќе биде четврти клуб надвор од нашата земја. Претходно офанзивецот беше дел од екипите на Црвена Звезда, Војводина и Олимпија Љубљана.

Му посакуваме успех на Аврамовски во новата средина.