Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Линк во живо! Вардарецот Егоров во 10ч. со прва борба на СП
Линк во живо! Вардарецот Егоров во 10ч. со прва борба на СП

Линк во живо! Вардарецот Егоров во 10ч. со прва борба на СП

СП за борачи до 23 години ВЛАДИМИР ЕГОРОВ СО МАЛКУ СРЕЌА МОЖЕ ДА ОСВОИ И МЕДАЛ! Во Полска денес  во 10-00  часот стартува Владимир Егоров, натурализиран Македонец и вардарец. Во првото коло, Егоров се среќава со репрезентативец од Алжир.

Влади вчера успешно мина на мерењето, изгледаше свежо иако е ослабнат 5 килограми. Тој потоа доби противник во ждребувањето. Денес настапува од 10-00 часот на душекот „Б“, потоа следи 1/8 па 1/4 и на крај полуфине. Борбите за медалите се во 18-00 часот. На дното од страницата ви носиме лин за следење во живо.

-Што се однесува до Владимир Егоров, јас мислам дека секое место до 5 ќе претставува успех. Може со поголема среќа да стигне и до медал. Што се однесува до Алжирецот, сите борачи кои учестуваат на СП се квалитетни, нема слаб борач. Сепак, јас се надевам на добар резултат на Егоров…“- вели Љубиша Пешко,  тренерот на вардарци.

*ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО!